
Младата македонска репрезентативка Душица Бреслиева од Штип се пласираше меѓу 16-те најдобри на Светското првенство за јуниори, што е уште една потврда за големиот талент и напредок на таеквондиската Бреслиева. Штипјанката настапи во категорија до 55 килограми, прва пречка беше Ава Дијало од Сенегал, а Бреслиева која е член на таекводно клубот Штип имаше неверојатна и доминатна борба. Потоа следуваше борба со Јасмине Хауани од Тунис, каде штипјанката имаше уште една убедлива победа.
Бреслиева беше елиминирана во осмифиналето од искусната Русинка Аминат Рамазанова, која славеше со 0-2 во рунди. Сепак, Бреслиева со пласманот во топ 16 потврди дека има голем напредок, дека одлично работи со тренерите браќата
Жарко и Сашко Арсовски и дека во иднина повеќе од јасно е дека овој резултат ќе биде мотив за уште поголеми резултати.
Овој голем успех на Светското првенство е почеток на градење на голема кариера која во иднина ќе носи многу големи успеси и медали од сите големи натпреварувања, а Бреслиева е и стипендист на Македонскиот олимписки комитет за што добива силна поддршка и нејзиот талент и резултати се препознаени и поддржани.
Александар Ванев, М-Нет