Брегалница на врвот во Втора лига, три екипи зад штипскиот лидер

Тоа што го анализиравме во спортскиот магазин Трибина на М Нет телевизија се потврди. Брегалница е осамен лидер на табелата со 55 бодови, при што „сините“ ги искористија ремијата на Охрид и Шкендија Арачиново.

Брегалница убедливо со 6:1 го добо Големо Коњари, а пак Шкендија Арачиново одигра 1:1 во Кочани кај Осогово, додека пак Охрид исто така ремизираше играјќи 1:1 против Каменица Саса.

Скопје успеа да слави над Новаци со минимални 0:1 и брзо се рехабилитираше по поразот од Брегалница на домашен терен.

Ваквите резултати ја вратија Беласица во трка барем за бараж бидејќи струмичани се на петтото место со 48 бодови и имаат минус пет од бараж зоната. Беласица убедливо ја доби Победа со 0:5.

Детонит Плачковица врза три победи во низа и се врати на шесттото место со 44 бодови, со можност и за петто место, а радовишани овој викенд со 0:3 го добија Вардар Неготино.

Осогово сега е седми со ист број на бодови како и Детонит Плачковица, а пак Новаци се спушти дури на осмото место со 40 бодови и влегува во резултатска криза со нови два порази во низа. Ваквиот моменто го користи Кожуф кој со 35 бодови е во бараж зоната односно на деветто место, со минус пет бодови од Новаци, а со тоа се отвара неизвесноста дали Кожуф ќе стигне до директен опстанок.

Тетекс славеше сигурна победа од 2:0 над Преспа и со тоа „штофарите“ се десетти со 33 бодови, а Каменица Саса е на 11-тото место со 29 бодови.

Во зоната за директно испаѓање нема промени Вардар Неготино со 18 бодови е на 12-тото место и натаму математички е во игра за бараж, а пак Преспа е на 13-тото со 12 бодови, но овој тим ги загуби сите надежи и во сабота и официјално ќе испадне во Трета лига.

Останатите три екипи веќе и официјално се испаднати како Слога Виница и Победа кои имаат по 11 бодови и Големо Коњари кој е на дното со само седум бодови.

Веќе следното 25. коло ќе има нови возбудувања, а кое коло може да донесе и нови промени во врвот, но и нов лидер на табелата.

Александар Ванев, М-Нет