17 специјалистички амбуланти од КБ Штип, утре се селат во модуларната болница – повеќе термини и подостапни прегледи за граѓаните

Специјалистичките амбуланти и Центри при Клиничка болница-Штип од утре се селат во објектот на поранешната модуларна болница. Пациентите од целиот источниот регион прегледите, кои им се закажани преку „Мој термин“ ќе ги извршуваат во објектот на модуларната болница. Директорот на Клиничка болница-Штип, Владко Захариев вели дека ординациите и центрите се спремни со потребните апарати, компјутери и од утре стартуваат со работа во овој објект.

,,Доминантна активност на овој ден е отворањето на овој центар додека другото е дека заврши фазата на поправка на модуларната болница. Официјално од утре сите амбуланите од мој термин што се во КБ Штип се префрлени во оваа просторија и што добиваат граѓаните. Технички овде имаме повеќе амбулатни, одколку што имавме во старата зграда, што значи со тек на време ќе се добијат повеќе термини, мој термин да имаат. Така што сите специјалисти и супспецијасти ќе бидат подостапни за самите граѓани.“, вели Захариев

Oбјектот ќе функционира во работно време со прва смена почнувајќи од 7 часоти 30 мин вели Захариев. Сега како што вели пациентите ќе можат без проблем да ја добијат услугата која што им треба

,,Овој објект овде, каде што ќе биде мој термин ќе функционира во работното време значи во прва смена и ќе почне од 07:30 или 8 часот со тоа што сите специјалисти ќе пуштаат термини и со закажувањето од примарното здравство на тие, пациентите ќе можат без проблем да ја добијат услугата која што им треба.“, додава Захариев

Во објектот на модуларната болница се сместени 17 специјалистички амбуланти и центри како што се дијабетес, психолошка поддршка, за обезносност. Пациентите од Штип кои примаат инсулинска терапија од овој објект ќе ја подигнуваат терапијата

Иван Митев, М-Нет