Силекс немилосрден против Шкупи, Брера со пресврт до три бода за директен опстанок!

Две интересни средби го одбележаа 25. коло во ПМФЛ, во кои Силекс и Брера Струмица стигнаа до важни победи.

Силекс одигра убедлив натпревар и со 6-0 го совлада Шкупи, во меч во кој доминираше од почеток до крај. Во листата на стрелци се запишаа Ади Алиќ, Пиреш, Мартин Мирчевски, Едис Бутуровиќ, Дарко Анѓелески и Илија Донов, за еден од најубедливите триумфи сезонава.

Во Струмица, Брера дојде до значајна победа од 2-1 против Арсими. Гостите поведоа преку Маркел Гони, но домашните возвратија преку Филип Михаилов од пенал, а пресвртот го комплетираше Леонардо Петровиќ во финишот од натпреварот.

Со овие резултати, Силекс сигурно чекори кон горниот дел од табелата, додека Брера освои клучни бодови во битката за директен опстанок.

Александар Ванев, М-Нет