Насилството на жените станува секојдневие, штипјани се прашуваат до кога вака?

Насилството врз жените се почесто зема замав во денешницата. Покрај во домот, веќе жените се малтертираат на јавен простор. Анкетираните велат дека тие се сведоци на генерации кои наместо со разговор, избираат конфликти да решаваат со агресија, што укажува на сериозен пад на вредностите и воспитувањето. Според штипјани одговорноста не лежи само кај напаѓачот, туку и кај семејството, средината и институциите кои треба да постават јасни граници. Тие се највознемирени порадит тоа што казните често изостануваат или не се доволно строги. Велат дека е потребна итна реакција, со едукација, превенција и доследно санкционирање на насилниците.

„Тоа е најнечовечното и некултурното. Тоа од сите граници е минато. прбин немаат домашно воспитување а за другото се си е неуред работата Требада се стегнат. Целата вина е во родителите. Зависи и од тоа во каква средина ќе упадне, се нема поверение во никој.“, велат граѓаните

Анкетираните порачуваат дека ваквото однесување и решавање на проблемите се несвојствени во ова време. Тие нагласуваат дека без конкретна одговорност и санкции не може

„Не чине тоа, не е убаво, не чине, тоа треба да се одстрани. На ништо не личи.Тоа го немаше во нашето време, во младото, никако, тоа насилство да се одстрани, а како не знам. Па најверојатно имат нешто психички, сигурно. јас да те затепам така, нема потреба, како ќе те затепам? Треба да го казнат, треба.“, додаваат тие

Пораката на штипјани е јасна, без ред, одговорност и вистинска казна, насилниците не смеат да поминат.

Дајана Сандева, М-Нет