
Со цел подобрување на условите за лицата со попреченост, денеска се одржа обука за инклузија во библиотечната дејност во Штип. Библиотекари, директори, наставници и образовни асистенти разговараа за унапредувањето на комуникацијата и пристапот до услугите за оваа категорија граѓани. Целта е да се обезбеди еднаков пристап до информации, култура и знаење за сите. Директорката на библиотеката „Гоце Делчев“, Ивана Биџовска, истакна дека интересот за обуката е голем. Од библиотеката „Св. Климент Охридски“ во Скопје нагласуваат дека инклузијата мора да биде дел од секојдневното функционирање, при што веќе се реализираат активности како снимање аудио книги.
,,Овој настан Инклузија, предизвик или мотиватор во Библиотечната дејност е посветен за обучување на библиотекарите при работи со лица со попреченост, односно за подобрување на нивната коменикација и работата со ваквите лица. Нашата цел е да овозможиме еднакви можности за сите граѓани, однсоно секој граѓанин да има еднаков пристап до информациите, културата и знаењњето. Особено не радува е тоа што интересот за присуството на оваа обука е голем. Присутни се библиотекари, директори од национални и локалните библиотеки од Македонија, како и образовни асистенти, наставници од основните училиште и градинките.“; вели Биџовска
Јовица Никчевски, дир. на Библиотека „Св. Климент Охридски“-Скопје
,,Тоа се лица, кои што се секојдневно меѓу нас и за жал пробуваме се уште како како држава да ги инкорпорираме во целото општество, во сите процеси, да не се почувствуваат во ниту еден процес отргнати на страна. Во рамките на библиотеката функционира и аудио-тонско студио, во кое што се снимаат аудио книгите. Тука имам супер соработка со центарот за слепи и слабовидни лица на Република Македонија.“, кажа Никчевски
Префосорите од лицеместо на настанот, за медиуимите велат дека обуките се од големо значење, за да сите знаат како да се справат и да пружат можност и за овие граѓани. Во споредба со останатие држави инклузивноста во Македонија, велат е на ниско ниво
,,Намалување на стравот од некој неуспех во работата со нив, намалување на предрасудите што ги имаат и се разбира континуирани едукации на вработените на кадарот, сетоа тоа чекор по чекор води кон запознавање на тие дечиња, а со самото тоа и до доближување на библиотеките.“, рече Чучкова
,,Инклуивноста е на многу ниску ниво, во споредба со западните држави. Тоа што ќе го презентирам јас денеска е за тоа како работат во западните држави, како овде. Да зборувам како музикаеа е мост со библиотеките и со инклузијата на лицата со посебни потреби.“, посочи Таневски
Инаку, целта на овие обуки е подобра комуникација со лицата со попречености, а истата се очекува да донесе резултат во секојдевното функционирање на библиотеките.
Иван Митев, М-Нет