
Со насмевки, шарени маски и позитивна енергија, денеска беше одбележан денот на шегата, 1 апрол. Настанот се одржа во спортската сала „Јордан Мијалков“ во Штип и учествуваа околу 1000 дечиња. Ова е настан кој се организира по повод први Април, денот на шегата. Ова е ден на кога децата и родителите работат тимски и ја искажуваат својата креативност преку креираната маска. Настанот беше организиран од општина Штип, а домакин на оваа манифестација беше Осноното општинско училиште „Тошо Арсов“ кое подготви музичка програма.
Директорката Анка Ангеловска на Основното општинско училиште „Тошо Арсов“ беше децидна дека после долги години тие се повторно домакини на оваа манифестација.
Анка Ангеловска- директор на основното училиште „Тошо Арсов“- Штип
„Нашето училиште во организација со општина Штип, како домакин, овој ден ќе реализира еден невообичаен, несекојдневен училишен ден. „Априлијада“, настан во кој што нашите родители, ученици и наставници со заеднички сили, со заеднички труд ја искажаа својата кретивност, подршка и позитивна енергија. Некој овој ден биде исполнет со многу насмевка и инспирација за идни убави моменти. После долги години прв пат сме домакини на оваа манифестација.“
„И оваа година по повод први Април- денот на шегата ја одбележуваме манифестацијата „Априлијада“. Оваа година домакини на манифестацијата се ООУ „Тошо Арсов“, ке подготват музичка програма во времетрање од 30 до 40 минути и е предвидено по завршувањето на манифестацијата градоначалникот на општина Штип да ги додели ваучерите за најубавите маски и тоа за сите ученици одсите општински училишта како и од детските градиннки „Вер Цири Вири Трена“ и „Астибо“. Бројката е многу голема и посетителите, така што имаме околу 1000 дечиња од детските градинки и од основните општински училишта. Се надеваме дека наредната година ќе биде воотворен простор и ќе имаме повеќе дечиња кои што ќе учествуваат на манифестацијата.“
Вања Џамбазова Општина Штип
Татјана Лазарова беше децидна дела Манифестацијата „Априлијада“ и оваа година покажа дека креативноста, тимската работа и детската радост се нејзиниот најголем белег.
Татјана Лазарова- Наставничка од ООУ „Ванчо Прке“- Штип
„Маската се создаде во заедничка соработка со родителите , сначи во договор со родителите ние се договоривме да изработиме заедничка маска групна и заедно работевме со децата и родителите.“
По завршувањето на манифестацијата градоначалникот на општина Штип Иван Јорданов на децата со најкреативни маски им додели ваучери.Организаторите се надеваат дека наредната година настанот ќе биде уште помасовен и ќе се одржи на отворено.
Иван Митев, М-Нет