Рекордно зголемен данокот на имот во Општина Карбинци, четири пати повеќе од лани

На неколку важни проекти работи Општина Карбинци, кои се очекуваат да се реализираат во следниот период. Станува збор неколку улици во општината, со кои ќе се подобри патната инфраструктура во општината. Но, од друга страна ќе се работи и на реконструкцијата на спортската сала во централното училиште „Страшо Пинџур“, кое е неопходно да се обнови. Градоначалникот Виктор Паунов вели дека еден од крупните носечки проекти на општината е и изградба на печка патека од селото Таринци до селото Карбинц.

„Она што во моментот се работи е неколку важни проекти. Ќе ја споменам една од улиците од Светска банка веќе е во тек, започнати се градежните активности. Втората која што е во овој блок улици ќе започне наскоро, за неколку дена од сега. Она кое што е во исто така напредна фаза е реконструкцијата на спортската училишна сала во централното училиште „Страшо Пинџур“ овде во Карбинци. Неколку други проекти се во фаза на подготовка како што е проектот на изградба на пешачка патека од селото Таринци до селото Карбинци во должина д 1,5 км. Е еден од крупните и носечките проекти кои што ќе бидат во фокусот во следниот период.“-Виктор Паунов, Градоначалник на општина Карбинци

Паунов е дециден дека во моментот работи со засилено темпо за реализација на замислените инфраструктурни проекти , со јасна цел за подобрување на условите за живот на граѓаните. Со фокус на асфалтирање на улиците и модернизација на училиштата градоначалникот е јасен дека ќе продолжи со реализација на замислените проекти.

Иван Митев, М-Нет