Поскап леб од утро, премирот Мицкоски уверува – ако не е оправдано покачувањето, ќе има глоби

Лебот од утрово поскапен за 5 денари, премиерот Мицкоски уверува, ако поскапувањето е оправдано ќе има мерки, ако не ќе следуваат глоби. Владата најавува анализа на трошоците и образложенијата на пекарите, по што ќе се утврди дали станува збор за реално зголемување или непазарно однесување. Во моментот во продавниците лебот се продава под цена од 33 до 35 денари. Пекарите тврдат дека, поскапувањето пред се се должи на цените на цените на енергенсите, струјата и другите давачки.

,,Ја анализираме состојбата и денеска во текот на денот ќе имаме состанок на оваа тема. Ќе го видиме импутот и да видиме дали врз основа на тој импут што тие го делкарираат навистина има потреба од такво зголемување. Доколку има потреба, ќе речеме да има потреба и ќе превземеме мерки, но доколку нема, тие кои што девијантно непазарно се однесуваат ќе бидат изречени води.“, вели Мицкоски

Согласно ситуацијата со нафтата и нафетните деривати, која е поврзана со покачувањето на цената на производите, премирот Мицкоски тврди дека Макеонија има најевтина цена на горивата во регионот. Кажа дека само минатата недела цените бензинот е намалена за 2 ипол денари, а цената на нафтата остана непроменета.

,,Јас можам да кажам дека единствената земја во регионот, која што оваа недела не ги покачи, односно ги намали цените на горивата е Македонија. Дизелот не се покачи, а безоловниот 95 и 98 октански е намален за 2 ипол денари. Тоа е резултат на одлука на регулаторната комисија. Убедливо имаме најевтини цени на горива во регионот.“, додаде Мицкоски

Mицкоски ја стишува ситуациајта и ги уверува граѓаните, дека состојбата е стабилна. Според него, нема причина за страв, од немање енергесни или од воведување било какви кризни состојби. Иако неизвесен е перидот пред нас, сепак тој е дециден дека предизвици ќе има, бидејќи тоа зависи од други фактори во светот. Вели дека Владата ќе реагира во интерес на граѓаните. Доколку ќе има зголемување на цените на бензинот и нафтата, тогаш ќе се прогласи и кризната состојба.

Иван Митев, М-Нет