Стојан Илиев блесна за куп трофејот и МВП признание!


Одбојкарите на Штип УГД со стил го крунисаа настапот во Купот на ОФМ, откако во финалето го совладаа Борец со 3:1 во сетови и го подигнаа посакуваниот трофеј. Тимот од Штип покажа квалитет и стабилност во клучните моменти, заслужено стигнувајќи до победата во решавачкиот натпревар.
Посебен белег на финалниот турнир стави Стојан Илиев, кој со одличните партии беше избран за најкорисен играч (МВП). Неговото лидерство на теренот и придонесот во играта беа клучни за успехот на Штип УГД.
Од клубот не ја криеја гордоста за индивидуалното признание на Илиев, упатувајќи му честитки и желби за уште поголеми успеси во иднина. Освојувањето на Купот и МВП наградата се само потврда за квалитетот и амбициите на штипскиот состав, кој сезонава јасно најавува високи дострели.