
Со голот на Лука Ѓеоргиев тимот на Брегалница славеше со минимални 1:0 над Охрид во дербито на 22. коло на Втора лига, а тоа го искористи Скопје кој со 0:2 беше подобар од Вардар Неготино и стана нов лидер на табелата.
За Скопје да биде лидер направи и резултатот меѓу Шкендија Арачиново и Беласица откако двете екипи одиграа 0:0 во единствениот меч без победник и погодоци.
Кожуф со 3:0 го доби Големо Коњари, а со таков резултат славеше и Тетекс на Саса и Осогово над Слога Виница. Новаци со 2:0 ја доби Преспа, а пак Детонит Плачковица со 0:6 славеше над Победа.
На врвот Скопје е прв со 50 бодови, на делба на второ место се екипи на Охрид, Брегалница и Шкендија Арачиново со по 49 бодови, а Беласица е петта со 44 бодови, додека пак Осогово е шести со 42 бодови.
Александар Ванев, М-Нет