7 годишната Анифе не оди на училиште, таткото бара помош од институциите и хуманите граѓани

За дел од семејствата, образованието не е само право и должност, туку и недостижен луксуз, бидејќи секојдневната борба за опстанок, како што велат тие, има предност. Покрај тоа што основното и средното образование во нашата држава се законски задолжителни, реалноста покажува дека не секое дете во Македонија има еднаков пристап до училишните клупи. Омер е татко на 7 годишно дете и пред камерите на М Нет телевизија вели дека сиромаштијата и недостигот на основни услови за живот, влијаат врз неговата керка да се школува и покрај законските мерки, се уште постојат деца кои не посетуваат училиште, не поради личен избор, туку поради околности што не се во нивни раце.

„Мојата керка не оди на училиште, не ја пуштам бидејќи немам услови, не земам социјално, немам куќа. Да земам социјално јас ќе си ја оставам керка ми да оди на училиште,да оди да уучи, како сите деца, ќе ја оставам и мојата керка да оди на училипте. Сите деца ќе одат дво продавницата да си купат сокче, геврекче, што треба, таа ќе нема пари да си купи. Ќе гледа како сите деца одат во продавница, таа ќе нема пари да си купи еден бурек, едно чколадо. Затоа јас не ја оставам на училиште. Немам услова значи, не примам социјално веќе 2/ 2 ипол години. Таа сака да оди на училиште,но јас не ја оставам дека немам услови, не примам социјално.

„Имам превара направено, ми подфрлија фимрма на мене, затоа имам забрана можеби 10 години да не земам, 15 години. Што ќе јаде мојата ќерка? Немам социјално, многу ми е жал за керката дека не може да учи на училиште.

Понекогаш околностите го тераат човек да се пронајде во две улоги истовремено, па и покрај тоа како што истакна Омер, не можат да се овозможат основните работи за своето дете.

„Само она ми е, јас ја чувам, јас сум и и мајка и татко

„Од две години ја чувам, дури плаче таа за училиште. Доколку може да ми помогнат општината, социјалното или било кој јас ќе си ја оставам мојата керка да оди на училиште, да не е слепа, како и сите деца и таа да оди на училиште

„Тоа е бесплатно, но јас немам услови, не ли треба да и купам, не ли треба секое сабајле да и дадам пари за да си купе нешто.“

„Седум години е, јас ја чувам, јас сум и и мајка и татко и се.“

Омер јасно апелира за помош до институциите и до хуманите граѓани, еден хуман гест може да го промени животот на ова семејство.