
Македонската фудбалска репрезентација продолжува со подготовките за бараж дуелот со Данска, кој е закажан за 26 март (четврток). Нашата репрезентација под водство на новиот селектор Гоце Седлоски се подготвува за првиот дуел од плеј-офот за Светското првенство кој се игра на стадионот „Паркен“ во Копенхаген.
Напаѓачот Александар Трајковски, кој пред четири години го постигна историскиот гол против Италија за пласман во финалето од баражот за Светското првенство во 2022 година вели дека има нова енергија во тимот и верува во оваа екипа.
Дополнува дека Данска е фаворит на хартија, но како што вели се игра еден натпревар и сè е можно.
Доколку ја добиеме Данска ќе играме против подобриот од дуелот меѓу Чешка и Ирска. Македонија оди по нова историја и за првпат да избори пласман на Светското првенство.
Александар Ванев, М-Нет