Штип во недела ќе биде домаќин на Државното првенство во џиу џицу – влезот во „Јордан Мијалков“ слободен

Во недела на 29 март Штип ќе биде домаќин на Државното првенство во Џиу Џицу, на кое се очекува учество на околу 60-тина натпреварувачи во силна конкуренција. Свое учество ќе земе и клубот домаќин Осенсеи, кој постои 17 години.

Христијан Јованов од клубот за џиу џицу Осенсеи од Штип вели дека подготовки течат во најдобар ред, а градот под Исарот по осум години повторно ќе биде домаќин.

Како што вели Јованов интересот за овој спорт во Македонија е на почетничко ниво, а низ Балканот развојот е многу поголен, а Осенсеи од Штип учествува на Светско и Европски првенства.

Отварањето на Државото првенство ќе биде во 10 часот, а борбите ќе стартуваат во 11 часот, влезот ќе биде слободен за сите посетители.

Одржувањето на Државното првенство може да го поттикне интересот за овој спорт во Штип, а сите заинтересирани може да присуствуваат во недела во салата „Јордан Мијалков“ и да ги следат борбите.

Клубот за џиу џицу Осенсеи ги отвара вратите за сите заинтересирани кои сакаат да го спортуваат овој спорт, а одржувањето на Државното првенство во Штип може да биде голем поттика кај многу млади кои би можеле да ги направат првите чекори во овој спорт.

Александар Ванев, М-Нет