Пет убиства за две години во истокот, граѓаните бараат доживотен затвор за сторителите на последните две

Гнев, револт и разочараност владеат меѓу граѓаните на Штип, по серијата убиства што во изминатите две години го потресоа источниот регион. Пронајденото безживотно тело во кочанското село Зрновци, пред само два дена, дополнително ја зголеми загриженоста и незадоволството кај анкетираните граѓани.

Тие бараат построги казни за сторителите, вклучително и доживотен затвор, апелирајќи да не се намалува строгоста на казнената политика, со цел да се стави крај на ваквите трагични настани и да се зголеми безбедноста.

Кога станува збор за минатото, дел од граѓаните велат дека не паметат вакви случаи порано. Некои од нив сметаат дека треба повторно да се применуваат построги мерки какви што, според нив, постоеле во времето на Југославија.

Инаку, случајот во Зрновци е петтото безживотно тело, кое се укажува дека е исто убиено. Првото убиство во овој временски рок се случи при крајот на 2024 година, кога штипјанката Емилија Пешева беше убиена во близина на својот дом, во напуште објект на ЈП Исар. Убиецот доби доживотна казна затвор. Второт убиство се случи исто во Штип, кога син си ја уби сопствена мајка и доби исто доживотна казна. Третото убиство беше во кафич на штипсиот плоштад, кога турски државјанин со пиштол уби друг турски државјанин, и доби казна затвор од 17 години, а останатите кои му помогнале за злочинот по пет години казна затвор. Четвртото убисто се случи при крајот на претходната година, кога 75 годишен штипјанец уви и закопа во сопствениот двор 79 годишна жена. Тој се уште на рочиштата не призна вина и ќе му се суди во периодот кои што следува.

Имаше и еден обид за убиство во селото Таринци, а обвинетиот доби казна затвор од 7 години.

Иван Митев, М-Нет