
Тридневна работилница во рамки на Европската Универзитетска алијанса се спроведува при Универзитетот „Гоце Делчев“ во Штип. На настанот присуствуваат студенти и универзитетски професори од 9 европски унииберзитети, кои се дел од европската алијанса. Целта е унапредување на студенстаката и академската мобилност, ректорот на универзитетот вели дека студентите и професорите имаат можност да работат нови студентски програми во областа на фармација, здравството со што ќе се создаде кадар кои ќе одговори на современите предизвици.
„Една интензивна недела на активности која што ги поврзува одбележувањето на патронатот на универзитетот „Гоце Делчев“, како и цела серија на работни состаноци во која што повеќе од 80 гости од алијансата од 8-те партиски универзитети ќе бидат присутни во текот на цела работна недела и ќе работат заедно со нашите професори и студенти, ќе работат на креирање на работни студијски програми за подобрување на условите на мобилноста и студенстката и наставничката мобилност и на креирање на еден ентиет во кој што треба да се претворат нашите универзитети во иднина е еден европски универзитет кој што ние веќе повеќе време го нарекуваме. Минатата година мислам дека над 150 мибилности веќе се реализирани, одиме со уште поинтензивно темпо. Веќе имаме предлози за соработка, најмногу, најинтеесни се здравствените науки, во областа на медицината се работат неколку паралелни програми.“, вели Мираковски
Иако ова претставува предизвик за студентите, професорите и вработените, истовремено носи и голем интерес и задоволство, бидејќи овозможува стекнување нови знаења, искуства и запознавање со различни култури
„Во нашиот работен пакет ги броиме, односно се обидуваме на некој начин да ги промовираме сите оние пропратни документи и да се обидеме на некој начин да ја промовираме непречената мобилност во алијансата. Имаме зацртано за цел да постигнеме околу 9000 мобилности, мешани, меѓу кои и мобилности со физичко присуство и виртуелна компонента. Ова е предизвик. Кај студентите, професорите и кај вработените претставува предизвик но воедно и интерес, задоволство кога одат во други земји, изучуваат нови работи, нови култури, нови искуства.“- кажа Гитаневич Ене
„Придобивките од оваа работилница се секако многубројни, имаме простор и можност да ги истакнеме нашите видувања за она што е алијансата, за она што се мобилностите. Како студенти многу сме заинтересирани за волонтерските активности кој ги промовира алијансата, меѓутоа и за можностите за стажирање во одредени други институции.“- изјави Соња Мончелеано
Денешната работилница се одржа на правниот факултет при Универзитетот Гоце Делчев во Штип а на истата присуствуваа претставниците на сите универзитети како и професори и студенти од истите.
Иван Митев, М-Нет