Големо Коњари се разбуди по пет месеци – Беким Алимоски херој на натпреварот

По долга пауза без триумф, фудбалерите на Големо Коњари конечно пронајдоа пат до победа во Втората лига, совладувајќи ја прилепска Победа со сигурни 2-0 на домашен терен.

Тимот од Големо Коњари последен пат се радуваше на три бода уште во октомври, но денеска покажа дека кризата може да се надмине со дисциплина и решителност. Пред своја публика, домаќините одиграа зрело и тактички стабилно, користејќи ја моменталната нестабилност кај противникот.

Од друга страна, Победа продолжува да се соочува со сериозни предизвици надвор од теренот. Финансиските проблеми кои подолго време го притискаат клубот очигледно се одразуваат и врз резултатите, па прилепчани не успеаја да парираат во овој дуел.

Херој на натпреварот беше Беким Алимоски, кој со два погодока ја донесе долгоочекуваната радост за домаќините. Тој прво погоди во 36. минута, носејќи предност пред паузата, а потоа во 53. минута повторно ја затресе мрежата на гостите и практично го реши победникот.

Со овој триумф, Големо Коњари добива нова доза на самодоверба во продолжението од сезоната, додека Победа ќе мора што поскоро да најде излез од резултатската и организациската криза.