
Со цел поголема рамноправност и инклузивност кон учениците со одреден вид на попреченост, денеска беше реализирана работилница во ООУ Ванчо Прќе во Штип. На истата присуствуваше градоначалнико Иван Јорданов, кој даде голема поддршка, особено до наставниот кадар, кои како што рече се организирани за да помогнат во наставата на учениците со одреден вид попреченост. Истовремено Општината додели и ваучер на самото училиште.
,,Денес сме во посета на ОУ Ванчо Прќе, во која што образовна институција се практично врши настава и се дава поддршка на лица со попреченост и во име на тоа сакам да се заблагодарам на наставниот кадар на директорот, кои навистина се одлично организирани за да им помогнат во наставата на учениците о одреден вид на попреченост. Ја користиме оваа прилика за да посакаме поголема инклузивност , вклученост и рамноправност во образовниот процес на сите ученции, вклучувајќи ги и учениците со одреден вид на попреченост. Јас се надевам дека во месеците, годините кои што следуваат ќе го оспособиме образовниот процес во асока на овозможување на посоодветни услови за работа со овие ученици на кои што им е потребен посебен вид на третман и образовен процес.“, рече Јорданов
Дефектологот Борче Петровски од лице место на настанот, пред медиумите истакна работилницата има за цел да ги надмине предрасудите кон овие лица, преку адекватна едукација. Дополнително посочи дека засега немаат ученици со даунов синдром
,,По повод 21 март меугнародниот ден на лицата со даунов синдром, денеска во училиштето Ванчо Прќе, ученици од редовна настава , заедно со учениците од посебните одделнија, ќе го одбележуваме овој ден со работилница. Целта на оваа работилница е надминување на предрасудите кон овие лица, преку едукација на учениците за да се постигне позитивно гледиште кон овие лица, прифаќање и надминување на предрасудите. Моментално немаме ученици со даунов синдром и имаме поранешни ученици, кои што исто така се поканети на денешната работилница.“, кажа Петровски
Инаку, меѓународниот ден даунов синдорм, се одбележува секогаш на 21 март, со цел поддршка на ваквите лица.
Иван Митев, М-Нет