
Реализирана првата обука во државата за нарачка на ученибници преку електроснки систем, денеска во Штип. Обуката ја реализираше МОН преку нивната педагошка служба, а на истата присуствуваа директори од повеќе основни и средни училишта од истокот. Главната цел, како што соопштуваат раководителите на секторот за учебници е да се изнајде решение за секоја потешкотија при нарачката, за да накрај се обезбедат соодветните учебници, кои се основнот наставно средство
,,Обука со тема нарачка на учебници преку електронскиот систем за нарачка на учебници за основно и средно образование. На обуката учествуваат директори од средни и основни училишта, а исто така и одговорни лица за нарачка што ја праваат во електронскиот систем. Значи главната цел е да процесот за нарачка на учебници да биде премине секоја евентуална грешка, одиме преветивно, а министерството води грижа и за тоа. Целта од друга страна е за секоја потешкотија се изнајде начин, за на крај се обезбеди уечбници како освновно наставно средство.“, вели Асалмани
На обуката има добри објаснувања, на поставените нејасни прашања, тврди раководителот од лицеместо на настанот Икмет Асалмани. Децидна е таа колку и да да се познава системот, сепак грешки можат да се случат, па затоа вели се неопходни ваквите обуки.
,,Сега гледам по обуките, значи имаме добро поставени прашања добри објаснувања. Затоа што колку и да е едноставен системот, сепак си има некој елементи кои што се случува од страна на училиштата да настанат и тоа се рефлектира во самата нарачка на учебници.“, додава Асалмани
Вакви обуки од страна на МОН се предвидени уште две. Едната ќе се случи во главниот град, додека последната, односно третата е предвидена да се реализира во западна Македонија.
Иван Митев, М-Нет