
Болка и солзи ноќва пред кочанската дискотеката Пулс, семејствата и граѓаните оддадоа почит на настраданите. Точно во 02:32 мунити ноќва, се осветли небото пред Пулс во знак и почит кон трагично загинатитие млади лица, кој точно пред една година на овој ден
наместо дома, заминаа во вечноста. Семејствата на починатите, преживеаните од трагичниот настан, сограѓаните, се собраа и со палање свеќи, свежо цвеќе и петминутен молк пред срцињата испишани со имињата на починатите, тивко со полни очи солзи, грутка во грлото и камен на срцето, се присетија и ги спомнаа 63 те ангели, кои невино загинаа на кобниот 16 март 2025. Со прегратки и поддршка трагедијата останува запечатена во срцата на сите. Болката е неизмерна.
,,Незнам дали постои збор кој е соодветен за трагедијата, со кој што вие и сите ние се соочивме. Трагедија која што засекогаш ќе остане дел од болката на македонскиот народ. Останав без зборови од страв дека не постои збор што можам да го кажам и да биде доволен за да го опише она што вие и ние го загубивме.“, велат граѓаните
Инаку, трагедијата се случи точно на овој ден пред една година, а истата зеде 63 млади и невини животи. Околу 200 беа повредени и пренесени на лекување на клиники низ повеќе држави. 16 март останува кобен ден, која Македонија ја зави во црно и остави да тагува без надеж. Дополнителни настани поврзани со трагедијата, се очекуваат во текот на денот. Одбележување имаше и во саботата и вчера.
Иван Митев, М-Нет