Селекторот Седлоски го објави списокот – штипјанецот Бобан Николов се враќа во македонската репрезентација

Селекторот на македонската фудбалска репрезентација, Гоце Седлоски го објави списокот на повикани фудбалери за баражот кој следува за пласман на Светското првенство.

За Седлоски ова ќе биде прв собир како нов предводник на репрезентацијата, а за точно десет дена ќе следува првото соочување со Данска во гости.

Во однос на претходниот селектор Благоја Милевски, новиот селектор Седлоски направи одредени промени во репрезентацијата. Повратник е штипјанецот Бобан Николов, како и Љупче Дориев, а пак новајлии се Имран Фетаи и Дани Мусовски, а дебитант ќе биде и колумбискиот бек со македонски пасош Себастијан Херера, кој настапува за Борац Бања Лука.

На голманската позиција ќе бидат Столе Димитриевски, Дејан Илиев и Дамјан Шишковски во одбрана се Езѓан Алиоски, Андреј Стојчевски, Себастијан Херера, Дарко Велковски, Ѓоко Зајков, Никола Серафимов, Висар Муслиу, Имран Фетаи и Егзон Бејтулаи.

Во средниот ред ќе бидат Ељиф Елмас, Енис Барди, Бобан Николов, Тихо Костадинов, Решат Рамадани, Исник Алими, Љупче Дориев, Лука Станковски и Јани Атанасов.

Во нападот ќе бидат Бојан Миовски, Дарко Чурлинов ,Милан Ристовски, Александар Трајковски, Елмин Растодер, Лирим Ќамили и Дани Мусовски.

Доколку ја добиеме Данска ќе играме со подобриот од дуелот меѓу Чешка и Ирска, а поразенит екипи ќе се соочат меѓусебно но во меч без било какво значење.

Александар Ванев, М-Нет