
Со комплетирањето на четвртфиналето познати се патниците во полуфиналето во футсал Купот на Македонија, односно четири најдобри екипи кои ќе водат борба за пласман во големото финале.
Во полуфиналето се пласираа Клими, Проект, Кеги Моби и екипата на Јувентус Серава.
Тимот на Клими успеа да го исфрли актуелниот освојувач Форца, со што ќе има нов тим кој ќе го подигне Куп пехарот, Проект славеше над ланскиот финалист Осогово.
Висока победа однесе Јувентус Серава над Балкан за што веќе објави М Нет телевизија, додека пак во возбудлив и атрактивен меч Кеги Моби славеше над Бутел во натпревар кој заврши со резултат од 6:8, а велешкиот тим полуфинале обезбеди благодарение на шесте гола на Петар Левков.
Александар Ванев, М-Нет