
Екипата на Астибо со голема победа над Пелистер направи голем чекор кон директен опстанок во елитата, откако во Штип пред верната публика славеше со резултат од 29:17.
Уште од самиот почеток Астибо диктираше темпо на мечот кој се играше во салата „Тошо Арсов“, каде штипскиот тим имаше одлично отварање на натпреварот со серија од 4:0, а потоа дојде и до 9:2 во 13. минута и тука веќе „амазонките“ направија разлика со која битолскиот тим немоќно гледаше како Астибо оди кон сигурна победа.
На полувреме резултатот беше 16:8 за Астибо, а во вториот дел на рутина штипскиот тим го потврди триумфот кој за нив е четврти оваа сезона.
Кристина Младеновска беше одлична на голот на Астибо, со неверојатни 17 одбрани, а пак Хани Чобанова имаше три одбранети пенали. Најдобар стрелец беше Мутемеца Вероника со осум гола, а пак Марија Анчева имаше седум гола.
За тимот од Битола прво име беше Анастасија Тодоровска со постигнати 12 гола, но тоа не беше ниту доволно за да се ублажи овој пораз.
Астибо е на добар пат да го потврди директниот опстанок во елитата за следната сезона.
Екипата на Спартак стигна до голем триумф над Вардар со 25:33. Од самиот почеток гостинот кој стигна до трето сезонско славје одлично влезе во мечот кога имаше предност од 2:7, потоа Варда рнамали на момент на 4:7, а најблиску беше до 9:10 во 21. минута од средбата. Потоа во текот на самиот натпревар ракометарките на Спартак одново стекнаа резултатска разлика и влегоа во мирна завршница.
Леона Миленкоска беше најдобар стрелец за Вардар со шест гола, а кај Спартак со 11 гола се истакна Анастасија Николовска.
Вечерва се игра дербито меѓу конкурентите за титулата, Чаир на гостински терен ќе го предизвикува актуелниот шампион Ѓорче Петров.
Александар Ванев, М-Нет