
Апсолутно добро се справи Владата со трагедијата во Кочани, тврди премиерот Христијан Мицкоски, одговарајќи на новинарско прашање денеска во Кочани. Во споредба со трагедијата во Швајцарија, тој потенцира дека македонските институции реагирале неколкукратно подобро. Мицкоски посочи дека не сака да прави споредби со трагедии, но дека од аспект на системската реакција државата постапила поефикасно. Притоа нагласи дека, за жал, не постои начин да се вратат жртвите.
,,Апсолутно да, но кога правите споредба на лоши настани делувате некрофилски. Јас не сакам да делувам некрофилски, но ќе дадам целосен одговор на вашето прашање, затоа што ако се спореди тоа што ако ние како Влада го направивме, со она што се случи во Швајцарија, можам да кажам дека неколукратно подобро се справивме, во сите параметри во сите споредби. За жал не постои начин како да ги вратиме тие кои што за жал не се повеќе со нас. Но од аспект на системска реакција, кога ќе го споредиме тој настан со оној настан што се случи во дискотетката во Швајцарија неколкукратно пдообро. Верувале или не системот македонски, институциите македонски реагираа одобро, отколку системот во Швајцарија и институциите таму.“, вели Мицкоски
Инаку, премирот кажа дека институциите реагирале ефикасно во справувањето со трагедијата. Сепак, како што рече, загубените животи не можат да се надоместат.
Иван Митев, М-Нет