
Пред стартот на третиот круг од Првата македонска фудбалска лига, Вардар обезбеди плус три бода предност во однос на Шкендија. Најтрофејниот македонски фудбалски клуб е на врвот со 55 бодови, три бодови повеќе од актуелниот шампион Шкендија, со тоа што тетовскиот тим го држи второто место.
Сега се отвара простор Струга да го напаѓа второто место бидејќи има 47 бодови, пет помалку од Шкендија, додека пак Силекс е на четвртото место со 39 бодови.
Вардар во рамки на 22. коло успеа со минимални 0:1 да слави над Силекс во Кратово, а притоа го искористи ремито на Шкендија со Брера играјќи 1:1 во Тетово, а пак Струга убедливо го декласираше Шкупи со 5:0.
Останатите екипи ги очекува борба за опстанок во елитата. Башкими врза втора победа во низа откако со 2:0 ја доби Македонија ЃП и засега е сигурен на 5. место со 32 бодови, пред Тиквеш кој е шести со 30 бодови, а тимот од Кавадарци го доби Пелистер со минимални 1:0.
Во зоната за директен оптанок се наоѓа и Брера Струмица, како седма со 28 бодови, откако струмичани освоија голем бод од тешкото гостување во Тетово.
Арсими е во бараж зоната како осми со 26 бодови, откако дебитантот загуби од Работнички со 1:0, а во бараж зоната е и тимот на Македонија ЃП со 23 бодови.
Пелистер по комплетирањето на двата круга е во зоната за директно испаѓање во Втора лига како десетти со 21 бод, а пак Работнички е претпоследен со 16 бодови, со тоа што сега „романтичарите“ имаат реални шанси да се спасат.
На дното е Шкупи со еден бод и веќе тимот од Чаир се подготвува за испаѓање во Втора лига за следната сезона.
Александар Ванев, М-Нет