
Брегалница триумфираше над Новаци со 1:3 и стигна на минус три бода од лидерот Охрид, „сините“ на Влатко Костов забележаа голема победа на тешко гостување и во Штип се вратија со целиот „плен“ што беше цел во рамки на 19. коло на Втората лига.
Сега Брегалница доаѓа на минус три бода од лидерот Охрид, кој има 43 бодови, а штипјани имаат 40 бодови. „Рибарите“ со 10:0 ја декласираа Победа, а пак Шкендија Арачиново со 0:4 славеше над Големо Коњари со што новиот тренер Берат Имери дебитираше со победа.
Екипата на Скопје забележа триумф на домашен терен од 2:0 над Осогово, па така тимот од Автокоманда е трет со 41 бод, а тимот од Арачиново е втор со 42 бодови.
Доста густо при самиот врв – овие четири екипи се блиску една до друга со три бода разлика.
Беласица го доби дербито во Радовиш откако славеше со минимални 0:1 над Детонит Плачковица, меч кој го следевте во живо на М Нет телевизија. Со овој триумф струмичани се вратија на петтото место на табелта со 37 бодови, искористувајќи го киксот на Новаци, кој сега е шести со 36 бодови, а радовишани сега се седми со 35 бодови.
Осогово по поразот од Скопје останува и натаму на осмото место со 33 бодови, „жетварите“ од Кочани се во топ осум зоната која гарантиран директен опстанок.
Во бараж зоната нема промени – Кожуф ја доби Преспа во гости со 1:3 и со тоа е деветти со 29 бодови, а тимот на штипскиот тренер Иван Варадиновски има минус четири бода од Осогово.
Каменица Саса со минимални 1:0 го доби Вардар Неготино со што „рударите“ остануваат сигурни во бараж зоната како десетти со 24 бодови, колку што има и Тетекс кој пак ја доби Слога во Виница со 0:3.
Во зоната за директено испаѓање остануваат истите екипи – Преспа со 12 бодови е на 12-тото место, колку што има и Вардар Неготино кој е место подолу, Победа останува на 14-тото место со 11 бодови, екипата на Слога Виница е претпоследна со осум бодови, на дното Големо Коњари со четири бодови.
Веќе станува јасно дека овие екипи испаѓаат во Трета лига.
Александар Ванев, М-Нет