
Ланските четири екипи одново обезбедија место на завршниот турнир од ракометниот Куп на Македонија, Вардар, Еурофарм Пелистер, Алкаоид и Охрид ќе се борат за Куп титулата.
Сосема очекувано фаворитите ги потврдија „билетите“ за фајнл-форот, без било какви изненадувања.
Во групата А Вардар беше победник, откако славеше над Бутел со 19:26, а пак Еурофарм Пелистер 2 го доби Мулти Есенс со 23:28. Во финалето на групата Вадар со 27:22 го доби Еурофарм Пелистер 2.
Во групата Б домаќин беше Алкалоид, кој лесно стигна до завршниот турнир. На првиот меч Алкалоид со 21:41 го доби Радовиш, а пак во вториот меч од групата Пролет со 37:29 го совлада прволигашот Македонија ЃП.
Во финалето на групата Алкалоид со 18:34 го доби Пролет.
Во групата Б каде Охрид беше домаќин, во првиот меч охриѓани славеа над Тиквеш со 25:42, а пак Куманово со 29:25 го доби прволигашот Младост од Богднаци. Во финалето на групата Охрид со убедливи 35:18 го декласираше Куманово.
Во групата Г во првиот меч Еурофарм Пелистер кој беше домаќин со 19:44 ја декласираше Струга, а пак во вториот меч Прилеп со 41:34 го декласираше прволигашот Драчево. Во финалето на групата Еурофарм Пелистер со 30:28 беше подобар од Прилеп.
Минатата година Вардар ја освои Куп титулата откако го доби Еурофарм пелистер со 31:27 во спортската сала „Билјанини Извори“ во Охрид.
Инаку, Вардар има најмногу Куп титули вкупно 17, првата е освоена во 1997 година, а последната минатата година. Шест титули има Металург освоени во период од 2006 до 2019 година, а пак Пелистер има пет титули, првата од 1995 година, а последната Куп титула во Битола беше подигната во 2005 година.
По една Куп титула имаат Прилеп од 2002 година, Куманово од 1993 година, Борец од 1994 година и Алкалоид од 2024 година.
Александар Ванев, М-Нет