
Штипјани во страв ,,што ако поскапат цените во маркетите“, поради конфликот на Блискиот Исток. Велат дека секоја криза на крај се чувствува и по нивниот џеб. Стравуваат дека новите случувања повторно ќе ги кренат цените на основните производи. Тие велат дека и сега едвај се врзува крај со крај, а ако продолжи ситуацијата, се плашат дека животот ќе стане уште поскап.
Страв од ново поскапување на цените, страв од високи сметки за струја и телофон, само дел од нивните секојдневни грижи. Дополнителен товар за нив се и лекарствата кои мора да ги зимаат секој месец, а за кои издвојуваат по речиси 5000 денари.
Во согласност со ситуацијата, граѓаните велат дека ваквата криза која според нив се очекува да се случи во следниот период, покрај што сметаат дека ќе ги чини многу финансии од една страна, од друга страна ќе ги чини и многу здравствени последици, особено психолошки.
Иван Митев, М-Нет