Овче Поле домаќин на ССК, Кратово сака изненадување против лидерот Железарец во гости

ФОТО: КМФ Овче Поле

Со двата вчерашни натпревари меѓу Партизан Југ и Фудбал Старс и соочувањето меќу СЕЕ Университи и Каршиака беше отворено 13. коло на Втората футсал лига, кое коло ќе се комплетира со останатите мечеви кои се играат в недела и вторник.

Поранешниот прволигаш Овче Поле на домашен терен во Свети Николе ќе се соочи со екипата на ССК меч каде домаќинот ќе сака три бодови со кои би прогресирал на табелата.

Минатата сезона Овче Поле водеше борба за враќање во елитата, но оваа сезона е далеку од очекуваното и се наоѓа на претпоследното место со 11 бодови.

Лидерот Железарец на домашен терен ќе го пречека тимот на Кратово, кој во пролетниот дел се покажа како доста незгоден противник. Поранешниот шампион на Македонија цели само на три бодови и да биде сигурен на патот кон експресно враќање во елитата, а пак Кратово ќе се обиде да направи изненадување во Автокоманда.

Колото се затвара дури во вторник со мечот во Кавадарци меѓу Црна Река и Конзули од Битола.

Александар Ванев, М-Нет