
Шкендија направи голем чекор во трката за шампионската титула во Првата македонска фудбалска лига, откако како гостин го совлада Вардар со 0-1 во дербито на колото.
Одлучувачкиот момент се случи во 66. минута кога Лиридон Љатифи ја затресе мрежата на Давор Талески и му донесе значајна победа на тетовскиот состав. Претходно и двете екипи имаа свои моменти, но голманите беа на висина на задачата.
За Вардар ова беше прв пораз во тековната сезона, додека Шкендија со трите бода се доближи на само еден бод зад лидерот на табелата и дополнително ја заостри борбата за шампионската титула.
Во следното коло Вардар ќе гостува кај Силекс, додека Шкендија на свој терен ќе игра против Брера.
Александар Ванев, М-Нет