Сончев викенд и високи температури, дали пролетта веќе пристигна?

Пролетта пристигнува порано, од утре сонце и повисоки температури. Како што истакна дежурниот синоптичар Јулија Фиданоска Мишкоска за М-Нет телевизија, иако март е секогаш променлив месец, сепак во следните денови температурите ќе бидат повисоки. Кажа дека температурите во истокот од државата се очекуваат и по 17 степени, а сонцето ќе биде постојано над ова поднебје.

,,Од утре веќе ќе имаме стабилна временска состојба, особено утре и во сабота, ќе имаме посочево време, со пораст кај дневната температура. Во текот на утрешниот ден, дневната температура повторно релативно висока во интервал од 12 до 17 степени. Во вториот ден од викендот како и во понеделник ќе има зголемена облачност со услови за слаб локален дожд, но не се очекува во истокот. Март изминативе години е секогаш променлив месец, така и оваа година во однос на температурите и врнежите. За споредба првата половина од месец март лани имаше повисоки дневни температури, да речеме дека и сега сме во просекот.“, рече Фиданоска Мишкоска

Пресврт со времето не се очекува и наредната недела, рече Фиданоска Мишкоска. Температурите ќе бидат релативно високи, а времето сончево.

,,Значи во текот на овата работна седмица веќе од вторник, па и во следните неколку денови ќе имаме повторно стабилно сончево време со пораст кај дневната температура, додека утринските температури локално се очекуваат да се спуштат до минус вторниот или третиот степен особено во текот на следната работна седмица. Преку денот повторно се очекува топло време за овој период од годината.“, додава Фиданоска Мишкоска

На предвиденото време, кое се очекува во наредниот период, лекарите советуваат, граѓаните да ја пијат својата месечна терапија, да внесуваат повеќе течности, да се хранат внимателно со здрава храна и да избегнуваат повеќе време изложување на сонце, имајќи во предвид дека сега зраци се силни.

Иван Митев, М-Нет