
Почнаа активностите за асфалтирање на улица три во село Таринци, која ќе биде трет влез во селото. Улицата е со должина од 540 метри, дополнително уредена со тротарски површини и е прокет финансиран од страна на владата преку унгарскиот кредт. Како што истакна градоначалникот Паунов од општината Карбинци, улицата ќе биде завршена до крајот на оваа седмица, а истата ќе придонесе жителите да имаа подобри можности.
,,Се започнува да се асфалтира дел од улица три, ова е влезот или третиот влез на селото Таринци, улица која што од пред неодамна започна со својата изградба, по подобрување на временските услови, го нанесуваме завршниот слој на асфалт и ќе останат одредени, поситни актиновссти на истата улица, која што деновиве треба да биде целосна завршена. Овој асфалт и оваа улица ќе допринесе да имаме поинакви можности за жителите на село Таринци, со тоа што овој трет влез ќе биде на ненкој начин во корист на жителите и можност за користење на наеселнието. Улицата е со должина од 540 метри со тротоарска површина и е проект кој што целосно е финансиран од страна на Владата преку унгарскиот кредит со вредност од некаде 7 милиони денари. Истата ќе биде завршена до крајот на неделата или почетокто на следната.“, рече Паунов
Паунов нагласи дека општината и понатаму ќе продолжи со своите активности, пред се во делот на патната инфраструктира, со што се очекува жителите во општината имаат подобри услови за живот.
,,Општина Карбинци продолжува со своите активности, пред се во делот на патната инфраструктура затоа што сметаме дека секој еден ваков проект ќе носи дополнителна можност за подобрување на квалитетот на живот на граѓаните.”, рече Паунов
Инаку, улицата се очекува да биде завршена до крајот на седмицата, а истата чини околу 7 милиони денари, пари обезбедени од владата преку унгарскиот кредит.
Иван Митев, М-Нет