Пензиите и минималната плата ќе растат од април, пензиите по 1000 денари, платата ќе надмине 26.000 денари

Пензиите и минималната плата ќе растат од април, потврди денеска од Штип премиерот Христијан Мицкоски. Пензионерите ќе добијат дополнително по 1000 денари на своите сметки, а минималната плата ќе надмина 26 000 денари. Мицкоски истакна дека линеарното покачување досега достигнува 7.000 денари, надминувајќи го ветувањето на владата за 40 проценти. Априлската пензија ќе го заокружи ова покачување за сите пензионери.

,,Линеарното покачување од 100 денари за секој пензионер со што се заокружуваат оние 7000 денари линеарно покачување, откако дојдовме како влада. Иако ветивме 5 000, еве веќе имаме 7000 денари линеарно покачување. Ќе се заокружи сега со априлската пензија за март практично и на тој начин ние тоа ветување не само што го исполнивме, туку би рекол и за 40 сетина проценти и го натфрливме.“, рече Мицкоски

Минималната плата ќе се покачи на нешто над 26.000 денари, посочи Мицкоски. Рече дека усогласувањето на платите ќе започне од април

,,Минималната плата согласно законот се покачува овој месец и таа ќе изнесува нешто над 26 000 денари. Ние како влада тоа ќе го донесеме на следната седница формално таа помина како информација на економско социјалниот совет, е сега следно е владата да ја донесе како информација и веќе од април месец стопанството, но и владата да започне со усогласување на платите, односно минималанта плата, така што еве од прилика тоа би бил одговорот.“, додава Мицкоски

Со овие промени, очекувањата се дека ќе се подобри животот на граѓаните. Иако најавите премиерот рече дека ќе се остварат во наредниот месец, сепак граѓаните стравуваат за зголемување на цените и во маркетите и на нафтените деривати.

Иван Митев, М-Нет