
Се роди 100-тото бебе во Штип. Од почетокот на 2026-та година па до денес, бројот на новороденчиња бележи број 100. Како што посочуваат од Гинеколошко Акушерско и Неонатолошко одделение при Клиничка болница Штип оваа бројка е само доказ за нивната посветена работа, професионалноста и грижата на нивниот медицински тим, како и довербата што им ја укажуваат идните родители.
„Со огромна чест и задоволство ве информираме дека во Клиничка болница Штип се роди 100-тото бебе во 2026 година!
Овој прекрасен јубилеј е доказ за посветената работа, професионалноста и грижата на нашиот медицински тим, како и довербата што ни ја укажуваат идните родители.
На новороденчето и на неговото семејство им посакуваме многу здравје, љубов и безгрижно детство исполнето со насмевки.
Продолжуваме со истата посветеност и грижа – затоа што секое ново раѓање е нова надеж и нов почеток.“, велат од КБ Штип
Инаку изминатата година вкупната бројка на новороденчиња во Штип била 477 што би значело дека ова е добар почеток на годината за наталитетот во овој град. Ситутацијата во 2024 година бројката на раѓања била околу 418 . Пред само неколку години бројката на бебиња во КБ Штип била 817, а долги години наназад се раѓале по 1000 бебиња. Оваа година првото бебе беше женско.
Иван Митев, М-Нет