Започнаа активностите за уредување на паркинг простор во населбата Пребег, од утре ќе се асфалтираат и две улици

Започна уредувањето на нови паркинг места во населбата Пребег, а од утре ќе започнат и активности за асфалтирање на предвидени две улици. Со инвестиција вредна над два милиони денари се работи во инвестиции со цел подобрување на инфраструктурата и во ова населено место.

„Се работи на уредување на паркинг простор во населбата Пребег. Освен нов паркинг простор предвидено е асфалтирање на две улици“ – вели Јорданов.

Дополнително се работи на поставување на нова водоводна мрежа со што ќе се реши и проблемот со водоснабдувањето како и слабиот притисок на вода кој беше честа појава во повисоките делови од Штип, вклучувајќи ја и населбата Пребег. На ваков начин се помага за да се зголеми бројот на инвестиции и проширување на населбата.

„Следниот период ќе се започне со поставување на нова водоводна мрежа која значително ќе овозможи поголем капацитет за проширување на населбата со нови објекти“ – вели Јорданов.

Освен денешните започнати активности во населба Пребег, се работи и на паркинг и асфалтирање улици и во населбата Сењак, а предвидено е да се работи во сите населени места во Штип.

Лаура Стојанова-Ќирчов, М-Нет