
Со ждрепка во Ракометната федерација на Македонија беа формираните групите за Купот на Македонија од каде ќе се бара пласман на завршниот турнир односно фајнл форот.
Во групата А се екипите на Бутел, Мулти Есенс, Еурофарм Пелистер 2 и Вардар. Во првиот меч Бутел ќе игра со Вардар, а вториот е Мулти Есенс со Еурофарм Пелистер 2. Победници ќе играат финале на групата за пласман на завршницата. Овде очекувано апсолутен фаворит е Вардар.
Во групата Б се екипите на Пролет, Радовиш, Алкалоид и Македонија ЃП. Првиот меч го играат Пролет и Македонија ЃП, а вториот Радовиш со Алкалоид. Победници играат финале на групата, а тука очекувано апсолутен фаворит е Алкалоид.
Во групата В се екипите на Тиквеш, Куманово, Младост од Богданци и Охрид. Во првото соочување се Тиквеш со Охрид, Куманово со Младост, а победниците од мечевите играат финале на групата. Овде апсолутен фаворит е Охрид.
Во групата Г се екипите на Струга, Прилеп, Драчево Јуниор и Еурофарм Пелистер. Првиот меч го играат Струга и Еурофарм Пелистер, а вториот Прилеп со Драчево Јуниор, победниците ќе се соочат во финале на групата. Овде апсолутен фаворит е Еурофарм Пелистер.
Александар Ванев, М-Нет