
Нов Марш за ангелите во сабота 28 февруари во Кочани. Маршот започнува во 15:05 часот, од Паркот на револуцијата во Кочани. Родителите на починатите од пожарот во дискотеката Пулс во Кочани ги повикуваат сите да маршираат заедно, за децата за вистината, за правдата.
„Маршираме со тивка болка, но со силен глас.
Маршираме за оние што не се со нас, а присутни се во секој наш здив.
Маршираме затоа што им должиме вистинска правда — не половична, не одложена, не премолчена.
Ова не е само марш.
Ова е чекор за достоинство.
Чекор за вистината да не биде скриена.
Чекор за правдата да не остане недостапна.
Вашето присуство е сила. Поддршка. Обврска кон нашите ангели.
Да покажеме дека болката не нè скршила — туку нè обединила во борбата за она што им следува.“ – стои во соопштението од здружението.
Родителите на починатите маршираат секоја сабота со цел да добијат правда за нивните починати деца кои трагично загинаа на 16 март минатата година.
Иван Митев, М-Нет