
Промовирана книгана „Оригиналниот ракопис од прогласот и останатите печатени огласи на царот Леопол 1 од 1690 год со кој го зема македонскиот народ под своја заштита.“ од авторите Александар Донски и Џони Тодоровски. Во истата е објавено писмо од австрискиот цар Леопол први, во кое тој го земал под заштита македонскиот народ. Оригиналниот ракопис го пронаога авторот Тодоровски, дури во Австрија и со голема љубов и посветеност заедно со Донски работат на ова големо и значајно дело за Македонија
„Книгата излезе сега пред околу една недела, во неа е објавено едно писмо од царот на светото римско царство, Австријскиот цар Леопол 1, објавено во 1690 година со кое писмо тој го зема под заштита македонскиот народ. Ќе кажам тука дека преписот на ова писмо до сега беше објавен кај нас, но неодамна оригиналниот ракопис на ова писмо го пронајде господинот Тодоровски Џони, и сега тој оригинал е објавен во оваа книга. Веднаш паѓа во очи дека постои една значителна разлика помеѓу оригиналното писмо и она што до сега кај нас се објавувавше а тоа е преписот на тоа писмо, а таа разлика секој ќе ја види во книгата. Разликата е во тоа што царот го објавил тоа писмо како резултат на средбата со двајца наши сонародници, македонци. Тој јасно ги декларира како македонци.
Авторот Џон Тодоровски е чистокрвен македонец, роден во Австралија, студирал во Канада, а денес живее во Холандија. Од своите предци кои со години се надвор од Македонија, научил многу за своите корени, па токму љубовта кон македонскиот народ и историјата, го предизвикала заедно со Донски да направат едно вакво големо дело.
„Со оваа книга и со претходни книги што ги имаме издадено да се дознае целата вистина за Македонија и за македонскиот народ, затоа што обично превземаме работи кој што се сервирани од други нации или победници на војни, на сите тие работи, а има голем број и фон на книги и на документи во архивите кој може да се најдат и кој би сакале да ги објавиме и тоа е нашата цел. И за да бидеме горди на тоа што било со вековите, тоа е многу важно. Таа ќе биде бесплатно објавена онлајн. Мене ми е целта повеќе да ги подтикнеме студентите по историја, архиологија, лингвистика, повеќе и повеќе да истражуваат околу Македонија зошто мислам дека има многу работи што уште не сме ги истражиле.“, додава Тодоровски
Инаку, во книгата главно како што потенцираат авторите е да се истакне фактот пред непријателите, дека македонскито народ бил, е и ќе биде.
Иван Митев, М-Нет