КУП: Охрид против Силекс, Шкендија Арачиново ќе го чека подобриот од дуелот меѓу Струга и Шкендија

Четвртфиналето во Купот на Македонија донесе две големи изненадувања, откако второлигашите Охрид и Шкендија Арачиново направи големо изненадување.

Во полуфиналето Охрид ќе оди на мегдан со Силекс, додека пак Шкендија Арачиново ќе го чека подобриот од четвртфиналниот дуел меѓу Струга Трим Лум и тетовска Шкендија, кој меч ќе се одигра дури на 18 март, бидејќи шампионот има обврски во Европа.

Охрид одигра 1:1 во регуларниот дел против Вардар, а во пенал серијата беше подобар за вкупни 3:5. Шкендија Арачиново одигра фантастичен меч и со 3:1 го исфрли Работнички.

Силекс до пласман во полуфиналето стигна откако го совлада радовишкиот второлигаш Детонит Плачковица со 0:3 како формален гостин на својот терен.

Во полуфиналето се играат два натпревари односно дома гости, а победниците од двете полуфинални пресметки ќе патуваат во големото финале.

Бидејќи актуелниот освојувач Вардар беше елиминиран во Купот, тоа значи дека ќе има нов освојувач на Купот на Македонија за сезона 2025/2026. Победникот од Купот обезбедува излез во Европа односно игра во квалификациите на Конференциската лига на УЕФА.

Александар Ванев, М-Нет