
Изминатиот викенд и официјално започна втората сезона од Националната лига во планинско трчање во Македонија, а домаќин беше Блатец, каде се трчаше Чупино вертикал трка од пет километри со искачување од 1.100 метри.
Интересот за овој спорт е голем, а настапија вкупно 150 натпреварувачи од земјава и странство.
Штипскиот клуб Ултра настапи со повеќе учесници, а веќе почна да конкурира за највисок пласман на крајот од сезоната.
Штипјани направија одлични резултати, на подиумот се искачи Ибраим Мамудов кој заврши на второто место со три минути заостанување зад ланскиот вкупен победник.
Димитар Кочовски беше петти, а пак Благој Веселинов заврши на седмото место, додека пак Кристијан Киров беше деветти. Кај дамите, во ветеранска конкунреција, на третото место заврши Валентина Павловска.
Штипскиот клуб Ултра бележи одлични резултати, кои ќе бидат мотив и стимул за уште подобри резултат веќе на следната трка од националното првенство – Охрид ултра од 65 километри, а која е и изборна трка за репрезентацијта во Ултра Класик.
Интересот за овој спорт во Штип и регионот е голем, а Ултра бележи постојан раст на членови, а во моментот штипскиот клуб има околу 30-тина членови.
Александар Ванев, М-Нет