
Башкими и Брера Струмица забележаа важни победи во рамки на 18. коло, Шкупи веќе се подготвува за испаѓање во Втора лига, а оваа рунда ја донесе и големата победа на Силекс покрај Охридското Езеро.
Прегледот на колото го започнува од Кавадарци каде Шкендија со високи и убедливи 1:4 преку пресврт го доби Тиквеш и победнички се загрева за Самсунспор во плеј-оф мечот од Конференциската лига на УЕФА.
Овој триумф е клучен за Шкендија во обидот да го стигне Вардар за одбрана на шампионската титула.
Токму Вардар пка во рамки на оваа рунда со 0:3 лесно го доби Работнички во градското дерби, кое оваа сезона е е во сјајот каков што беше во минатото поради големата резултатска криза на тимот од Дебар Маало.
Најголемата победа ја забележа Силекс, откако преку пресврт ја совлада Струга покрај Охридското Езеро со 2:3. Стружани во два наврати имаа водство, а Силекс успешно ја анулираше предноста.
Радески го отвори резултатот во 22. минута за водстов од 1:0 на полувреме. Во вториот дел Алиќ израмни за 1:1 во 53. минута, но по седум минута Кампаоре погоди за ново водство на Струга од 2:1. Во самиот финиш се случи неверојатен пресврт за кратовчани во четири минути два гола.
Николовски во 81. минута стрелаше за 2:2, а Пиреш во 85. минута ги постави конечни 2:3 за огромно славје на Силекс, бидејќи со овој триумф го фаќаат последниот приклучок барем за втората позиција.
Македонија ЃП лесно го доби соочување со „фенерџијата“ Шкупи со резултат од 3:0 со што „лавовите“ ја продолжуваат битката за директен опстанок во елитата, додека пак чаирчани веќе ги губат надежите за да се дојде до опстанок во елитата.
Брера Струмица имаше многу важна победа во трката за директен оптанок откако во гости го доби конкурентот Арсими со резултат од 0:2. Ова е лош старт на пролетниот дел за тимот од Чегране, откако во првото пролетно коло загуби со високи 5:1 на гостувањето кај Вардар, а потоа следуваше и домашен пораз од струмичани кои сакаат да се зацврстат околу петтото односно шестото место.
Башкими со голот на Сумер Хасан со минимлани 1:0 славеше над Пелистер и со тоа останува на петтото место со 26 бодови и прави важен чекор зацврстување во златната средина на табелата.
Веќе овој викенд се играат мечевите од 19. коло со што борбата за бодови во трката за остварување на целите продолжува.
Брера Струмица ќе игра против Работнички каде струмичани гледаат само на три бодови и ништо друго, Вардар дома ќе го пречека Башкими, Пелистер ќе биде домаќин на Струга Трим Лум – мечот во Битола ќе биде за враќање на победничките патеки.
Силекс ќе игра дерби со Шкендија во Кратово, Арсими ќе бара прв пролетен триумф против Шкупи, а пак Македонија ЃП ќе игра со Тиквеш.
Александар Ванев, М-Нет