
Овој викенд стартува пролетната полусезона во Втората македонска фудбалска лига со натпреварите од 16. коло. И во пролетниот дел од сезоната ќе можете да следите второлигашки фудбал на М Нет телевизија, со што продолжува одличната соработка меѓу М Нет телевизија и Фудбалската федерација на Македонија (ФФМ).
Во рамки на првата пролетна рунда дербито на колото ќе се игра во Струмица каде Беласица ќе се соочи со Охрид, дуел на два конкуренти за влез во Прва лига. Детонит Плачковица ќе има лесна задача против последнопласираниот Големо Коњари, меч кој ќе се игра на Градскиот стадион во Радовиш.
Во Гевгелија ќе биде соочувањето меѓу Кожуф и Брегалница, соочување на два штипски тренери – тактично надмудрување на Иван Варадиновски и Влатко Костов за освојување на трите бодови што е императив и за двете страни.
Дербито на Истокот ќе се игра во Кочани каде ќе се соочат Осогово и Каменица Саса, додека пак „разнишата“ Победа на домашен терен ќе го пречека фаворитот Новаци.
Шкендија Арачиново ќе има лесен старт на пролетниот дел, на домашен терен против Преспа, а пак Скопје како голем фаворит ќе гостува во Виница кај Слога, додека пак Тетекс ќе биде домаќин на Вардар Неготино.
Битката за влез во Прва лига ја водат Охрид, Шкендија Арачиново, Брегланица, Беласица и Скопје. Првиот има директен влез во Прва лига, вториот и третиот играат бараж за влез во Прва лига. Последните пет екипи испаѓаат директно во Трета лига, а пак екипите од 11-тото до деветтото место ќе играат бараж за опстанок во Втора лига.
Александар Ванев, М-Нет