РСБСП и полицијата со апел за внимателно возење во пресрет на празникот на виното и љубовта

Љубовта кон блиските завршува кога ќе почне возењето под дејство на алкохол. Во пресрет на утрешниот празник Свети Трифун, но и Свети Валентин, РСБСП со апел до граѓаните да возат внимателно, совесно и одговорно за празникот на виното и љубовта.

„Празниците се време за радост, блискост и споделени мигови со саканите. Но, вистинското прославување е она по која сите безбедно се враќаме дома. Затоа, не дозволувајте момент на невнимание да ја засени убавината на празниците.

РСБСП потсетува:
· Доколку консумирате алкохол – не седнувајте зад волан. Изберете јавен превоз, такси или возач кој не конзумирал аклохол.
· Возете внимателно, почитувајте ги сообраќајните правила и прописи,грижете се за безбедноста на сите учесници во сообраќајот.“ – велат од РСБСП.

Отсекот за превенција при СВР-Штип, во соработка со РСБСП, по повод Св.Валентин и Св.Трифун, на подрачјето кое го покрива СВР Штип,ќе реализира превентивни активности каде на граѓаните(возачите), ќе им биде поделен едукативен материјал флаери со корисни совети за поголема безбедност на граѓаните и учесниците во сообраќајот.

Дополнително од ЈП Стипион за Задушница има нови линии од сите постојки до градските гробишта. Од таму со совет граѓаните да го користат јавниот превоз со што ќе се намалат гужвите во сообраќајот.

Лаура Стојанова Ќирчов, М-Нет