Шампионот пресилен во Радовиш, Струга ремизираше со Пролет, Прилеп го надигра Тиквеш!

ФОТО: Александар Ванев, М-Нет

Шампионот Еурофарм Пелистер забележа убедлива победа над „фенерџијата“ Радовиш со убедливи 17:42. Во првиот дел битолчани не трошеа многу енергија и резултатот беше 11:16, но во вториот дел пелистерци се разиграа го забележаа убедлива победа, откако му дозволија на Радовиш да постигна скромни шест погодоци во вторите 30 минути.

Прилеп го доби дерби соочување со Тиквеш пред домашната публика со 33:26, а пак Струга ремизираше на гостување кај Пролет играјќи 28:28, а ова победа веќе „сигурно“ значи дека стружани ќе го избегнат последното место кое директно води кон испаѓање во Прва лига, па ќе водат битка за Куманово за избегнување на претпоследното место кое води кон баражот за опстанок.

Алкалоид не виде мака на гостување во Битола каде убедливо го доби Еурофарм Пелистер 2 со резултат од 22:36, а пак Охрид како на тренинг го декласираше Куманово во гости со 14:15. На овој меч Куманово во првиот дел постигна само пет погодоци, а пак во вториот дел девет. Вардар не виде мака и со високи 23:34 го декласираше тимот на Бутел.

Во однос на табелата Вардар е лидер со 38 бодови, Еурофарм Пелистер е втор со 34 бодови, а пак со по 33 бодови Охрид и Алкалоид го делат третото место. Овие четири екипи веќе се потврдени во плеј-офот.

Тиквеш и Бутел го делат петтото место со по 20 бодови, Прилеп е седми со 18 бодови, а пак Еурофарм Пелистер 2 е осми со 17 бодови. Меѓу Тиквеш, Бутел и Прилеп ќе се води битката за последните две место во плеј-офот.

Пролет е деветти со 13 бодови, со по седум бодови Куманово и Струга го делат десеттото место, а на дното е Радовиш без бодови и овие четири екипи се потврдени во плеј-аутот, а на истите извесно е дека ќе се приклучи Еурофарм Пелистер 2 и екипата која ќе извиси од Тиквеш, Бутел и Прилеп.

Веќе овој викенд се играат натпреварите од 21. коло, а потоа ќе следуваат и мечевите од 22 коло за комплетирање на регуларниот дел, по што ќе започне плеј-офот каде ќе се разигрува за титула и плеј-аут каде се води борба за опстанок.

Александар Ванев, М-Нет