
Утре на програмата ќе бидат натпреварите од четвртфиналето од Купот на Македонија, а веќе се познати и саатнините.
Првиот меч од Купот на Македонија „Благој Георгиевски Буштур“ го играат ТФТ и Феникс кој ќе се започне во 12 часот. Вториот меч е од 14:30 часот кој го играат МЗТ Скопје и Работнички, дерби на два лути ривали во битката за место во полуфиналето.
Третиот четвртфинален меч е Кожув и Маџари, кој ќе започне во 17 часот, а послендниот меч е меѓу Пелистер и домаќинот МКК Куманово, кој стартува во 19:30 часот.
Организатор и домаќин на кошаркарскиот Куп на Македонија е МКК Куманово, а сите натпревари се играат во Спортската сала во Куманово.
Александар Ванев, М-Нет