Регулаторната комисија за енергетика, водни услуги и услуги за управување со комунален отпад (РКЕ) ја информира јавноста дека грејната сезона започнува на 15 октомври 2026 и завршува на 15 април 2027 година.
Грејната сезона може да почне и порано, од 1 октомври и да заврши најдоцна до 30 април, во случај кога прогнозираната средна надворешна температура за следниот ден е еднаква или помала од 12 ºС.
Снабдувачот е должен во грејните простории од 06:00 до 22:00 часот во текот на денот да обезбеди температура на греење од 20+1 º C.
РКЕ ги потсетува заедниците на станари да ги проверат внатрешните инсталации и инсталациите во објектите и да ги подмират сметките за електрична енергија за топлинските потстаници со цел грејната сезона да започне без проблеми.
Текстот Грејната сезона ќе започне на 15 октомври е превземен од МАКФАКС.