Македонија ЃП ги претстави Огузјан Ајдоган и Стефан Лазаревиќ

ФК Македонија Ѓорче Петров продолжува со засилувањата во зимскиот преоден рок, откако во своите редови ги доведе Огузјан Ајдоган и Стефан Лазаревиќ.

Ајдоган, фудбалер од средниот ред, пристигнува како играч од кој се очекува да внесе креативност и дополнителна енергија во играта на „лавовите“. Станува збор за интернационалец со искуство во повеќе клубови, а во Ѓорче веруваат дека брзо ќе се вклопи во системот на игра.

Ново име во тимот е и Стефан Лазаревиќ, дефанзивец добро познат на македонската фудбалска сцена, кој со своето искуство треба да донесе поголема стабилност во одбранбената линија.