Вечерва во Штип градско футсал дерби Астибо – Мал Ајакс

Градското футсал дерби помеѓу екипите на Астибо и на Мал Ајакс отсекогаш привлекувало внимание. За жал, вечерва во 19.00 часот трибината во спортската сала на „Тошо Арсов“ ќе биде празна со што љубителите на футсалот ќе бидат лишени од атрактивен меч.

Распоредот на табелата во Првата футсал лига на Македонија вели дека тимот на Астибо е на четвртото место со 23 освоени бодови, односно зад Шкупи кој е прв, Цико Проект и Карадаку, додека пак Астибо е на 10 место со 3 освоени бода.

Драги Герасимов – Пушка