
Почна кроењето на лозјата уште пред Свети Трифун. Лозарите од карбинско Радање очекуваат до 15 март целосно да завршат. Претежно одгледуваат вранец, смедеревка и трпезно грозје, од кои прават вино и ракија. Како што истакна од таму Илчо Богданов, оваа година очекуваат да биде плодна, имајќи во предвид досега немаше ниски температури и измрзнување на лозовите насади.
,,Значи секоја година почнуваме пред Свети Трифун да закројуваме, прибидејки имаме поголема површина, тие што имаат помалку закројуват и тогаш на празникот. Меѓутоа главниот акцент е значи закројување на Свети Трифун, а ние очекуваме некаде до околу 15 март да завршиме со корењето за оваа година. Ние имаме 20 хектари лозов насад, од кои имаме 10 хектари вранец, 7 хектари смедеревка бело, и имаме 3 хектари трпезно грозје Виткорија.“, рече Богданов
По кроењето, Богатинов рече дека следува врзнување на ластари, ставање на губре и орање со цел да нема трева околу самите насади.
Инаку, поголем дел од лозарите кои имаат поголеми површини со лозје, веќе почнаа со кроење, со цел да стасат да го искројат целиот насад до средината на март, бидејќи како што велат подоцна стеблата се развиваат и не е препорачливо кроење.
Иван Митев, М-Нет