
Апарџик од Скопска Црна Гора продава Ване Ѓорѓиев од село Лесковица на пазарот во Штип. Под цена од 300 денари за килограм, граѓаните навалија со купување. Од пазар тие го носат во бавча и го садат за да имаа млад кромид за Велигден. Цената вели Ване е реална и за купувачите и за продавачите. Иако продажбата не е како во годините претходно, сепак побарувачката е задоволителна. За нашата телевиија тој додава дека малиот кромид наречен апарџик може да се сади уште од ноември, во зависност од временските услови.
,,Апарџик од скопска црна гора, килограм 300 денари, го бараат граѓаните, само од утрово продадов две вреќи. Ова се продава до месец април, потоа не, зе вади големиот и се продава тогаш таков. Апарџикот го садат уште од ноември месец, само ако даде времето услови, ако е многу врнежливо не можат да садат, а инаку се сади.“, рече Ѓорѓирев
Кромидот не бара вода, ќе рече овој долгогодишен земјоделец од Лесковица. Потребно е вели преработена бавча, бразди, садење, а вода само еднаш. Корисен е, здрав, особено напролет. Вели може да се јаде и со салата, а може и пржен со неколку зрна јајца.
,,Кромидот не сака многу вода, ако заврне дожд еднаш, доболно му е.“, додава Ѓорѓиев
Инаку, пролетта е најдобар временски период за садење на кромид на отворено, при што температурата на воздухот треба да биде околу 12 целзиусови степени, а тоа е околу крајот на март и почетокот на април. Пред садењето, потребно е да се поттикне ртењето кај семенскиот материјал и за таа цел семенскиот материјал се остава на топло неколку денови.
Кромидот подлежи на габични и вирусни заболувања. Со цел истите да се спречат, семенскиот материјал може да се третира со бакарен сулфат или слаб раствор од калиум перманганат. Кога семенскиот материјал е подготвен, се започнува со садење.
Иван Митев, М-Нет